


Град на забава, гастрономија и медитерански шарм.
Гевгелија е една од ретките дестинации во регионот што на едно место нуди природа, гастрономија, релаксација, историја и жива градска атмосфера.
Авантури во природа
Околината на Гевгелија се одликува со богат и разновиден природен амбиент, составен од мрежа од патеки, планински и ски терени, како и бројни локалитети поврзани со планината Кожуф, идеални за велосипедизам, параглајдерство и активен престој на отворено.
Сензационални вкусови
Гевгелија е позната гастрономска дестинација со спој на медитерански, континентални и ориентални влијанија — смокви, маслинки, сирења, вино, ајвар, јагнешко, локални специјалитети и ресторани што привлекуваат гости и од соседните земји.
Здравје, велнес и термални води
Присуството на термални води, спа центри и развиената понуда за релаксација и нега, ја позиционира Гевгелија и како регионален центар за здравје и убавина.
Историја, археологија и духовност
Регионот има длабок историски печат — од праисториски и антички локалитети како Вардарски Рид, Кофилак, Керамидарница и Туфка, до цркви, манастири и села со изразен локален идентитет.
Урбана енергија и динамичен живот
Гевгелија има изразена урбана енергија: културни настани, фестивали, локални манифестации како Вкуси го југот, препознатлив ноќен живот и медитерански шарм.
Последната станица пред морето
Сместена долж Коридор 10 и поврзана со автопатот Е-75, Гевгелија е лесно достапна дестинација – идеална како транзитна точка на патот кон морето, но и како избор за викенд или повеќедневен престој, со разновидна понуда на сместување.
Изберете општина на мапата за да ги откриете нејзините туристички атракции, настани, локална гастрономија и уникатни искуства.
Прегледај ги претстојните настани во Гевгелија и испланирај ја посетата според фестивали, гастрономски доживувања, културни случувања, спа релаксација и авантури во природа.
Погледни ја позицијата на Гевгелија во рамки на Повардарието и истражи природни локалитети, гастрономски места, спа точки, историски локации и рути поврзани со општината.
Неколку корисни насоки за полесно планирање на посетата во Гевгелија и нејзините околни локалитети.
Најдобро време за посета
Пролетта и есента се одлични за комбинирање на природа, гастрономија и прошетки, летото за настани и вечерна атмосфера, а во текот на целата година Гевгелија е соодветна за спа и wellness престој.
Идеално времетраење
Еден ден е доволен за кратка урбана и гастрономска посета, но 2 до 3 дена се подобри ако сакаш да вклучиш Негорски Бањи, природни локалитети, излетнички точки и повеќе ресторани или настани.
За кого е погодна дестинацијата
За парови, семејства, гастрономски патници, љубители на wellness и spa, игри на среќа, транзитни поситетили, викенд посетители, но и за луѓе што сакаат да комбинираат урбана средина, природа и авантура.
Што да вклучите во посетата
Градска прошетка низ Гевгелија, локален ручек или вечера, дегустација на локални производи, Негорски Бањи или spa престој, излет кон планината Кожуф, и доколку има термин — локален настан или фестивал.
Предност на Гевгелија како дестинација
Ретко која општина во регионот овозможува во ист ден да комбинираш добар ресторан, релаксација, културен контекст и природна авантура со толку лесна логистика.
Откриј вински рути, културни знаменитости и локални доживувања низ регионот Повардарие.
Кратки одговори што ќе ти помогнат да ја испланираш посетата.
Гевгелија се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Северна Македонија, на важниот јужен коридор кон Грција, што ја прави лесно достапна и како транзитна и како викенд-дестинација.
Гевгелија е позната по добрата гастрономија, смоквите, виното, спа и wellness понудата, Негорските Бањи, природните авантури кон Кожуф и Дошница, културните манифестации и живата урбана атмосфера.
Посетата може да вклучи градски точки во Гевгелија, Негорски Бањи, локални ресторани, природни правци кон Дошница, планински и велосипедски терени, археолошки локалитети и населени места со локален карактер.
Не. Може да биде и одлична еднодневна станица, но има доволно содржина и за 2 до 3 дена ако комбинираш природа, гастрономија, wellness и настани.
Да. Таа е погодна и за гости што бараат релаксација, и за луѓе што сакаат активен викенд, и за патници кои ја вреднуваат храната, локалните приказни и лесниот пристап.