
ГастрономијаГевгелија
ДЕТАЛИ ЗА НАСТАН
Фестивал Вкуси го југот
Фестивалот „Вкуси го југот“ е тридневна културно-забавна манифестација во Гевгелија која ја промовира гастрономската традиција, културата и забавата на јужниот дел на Македонија. Настанот се одржува кај новиот пазар во Гевгелија и нуди можност на посетителите да се запознаат со автентични македонски специјалитети, како ајвар, слатко од смокви и домашна мастика, подготвени по традиционални рецепти.
Покрај гастрономските доживувања, фестивалот нуди богата културно-уметничка и едукативна програма, со настапи на културно-уметнички друштва, фолк ансамбли, музички школи, танцови групи и фестивали за различни возрасти. Вечерните концерти и настапи на македонски етно, поп и рок изведувачи се централниот дел на забавата, создавајќи уникатна атмосфера за сите генерации.
