
СпортДемир Капија
ДЕТАЛИ ЗА НАСТАН
Меѓународен фестивал на отворено „Сакам промаја“ Демир Капија
„Сакам промаја“ е фестивал за спортови во природа кој ги обединува љубителите на активен и здрав начин на живот. Настанот нуди разновидни спортско-рекреативни активности како планинарење, велосипедизам, качување, параглајдинг и кампување, создавајќи простор за дружење, авантура и поврзување со природата.
Фестивалот има за цел да поттикне позитивни вредности како еколошка свест, толеранција, почитување на различностите и активен животен стил, особено кај младите. Преку заеднички активности и неформално дружење, учесниците градат заедница базирана на соработка, креативност и љубов кон природата.
