
КултураГрадско
ДЕТАЛИ ЗА НАСТАН
Собир во Манастирот Св. Архангел Михаил
Собирот во Манастирот Св. Архангел Михаил во с. Горно Чичево се одржува по повод 28 август – Св. Богородица и претставува значаен традиционален настан. Во рамки на манифестацијата се презентираат етнографски поставки, кои опфаќаат ентериери и екстериери, стопански активности, обичаи, народни носии, игри и песни, нудејќи автентичен приказ на македонското културно наследство.
