
СпортДемир Капија
ДЕТАЛИ ЗА НАСТАН
„ДЕМИР КАПИЈА ОПЕН“, натпревар во кајак на диви води – слалом
„Демир Капија Опен“, натпревар во кајак на диви води – слалом, претставува еден од најзначајните спортски настани во оваа дисциплина во регионот. Станува збор за натпревар кој се одвива во природни услови погодни за кајакарство, овозможувајќи атрактивни и динамични трки на диви води.
Кајакарството во Демир Капија е значаен спортско-рекреативен спорт кој се развива благодарение на природните предиспозиции на реката и клисурата, кои нудат идеални услови за слалом дисциплини. Во рамки на овој спорт се организираат и учествуваат на различни натпревари од државен и меѓународен карактер, со што се промовираат спортот, натпреварувачкиот дух и природните убавини на регионот.
Овој настан привлекува голем број учесници и придонесува за афирмација на кајакарството, како и за развојот на спортовите во природа во Демир Капија.
