
КултураДојран
ДЕТАЛИ ЗА НАСТАН
ПРЕКУ ЕЗЕРОТО Фестивал на балкански и медитерански филм
Филмскиот фестивал „Преку езерото“ е културен настан кој ја промовира македонската и меѓународната кинематографија и веќе е препознаен како откритие на Балканот и Медитеранот. Фестивалот има за цел да се етаблира на мапата на значајни културни настани во Македонија и да го претвори Дојран во водечка културна и туристичка дестинација во регионот. Со поддршка на Општина Дојран, фестивалот создава уникатна атмосфера, претворајќи го градот во вистинска филмска бајка.
